Сончево со засилен северен ветер, од утре пораст на дневната температура

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува умерен до засилен ветер, од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 24 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претежно сончево и топло. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен pравец.Утринската температура ќе спушти до 13, а дневната ќе достигне 29 степени.

Од утре следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.