Сончево и топло - температура до 34 степени

Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а дневната од 27 до 34 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 31 степен.