Сончево време со повремени и ретки облачни денови, но без услови за дожд. Вакво време најавуваат светските метеролошки сервиси за главниот град во Македонија. Месецот мај ќе биде сув и топол.
Утринските температури ќе се движат околу 10 степени, а дневните ќе се искачат и до 30 степени.
Вторник, првиот работен ден од следната седмица ќе донесе врнежливо време, но деновите кои следат ќе бидат стабилни и сончеви. Температурата ќе се искачи до 25 степени.
Слично, стабилно време не очекува и во втората и третата седмица од мај.
Можни врнежи од дожд метеролозите прогнозираат за почеток на јуни.