Сонце, вода....Скопјани уживаат на плажа (фото)

“Езеро Треска” на само 8 километри од центарот на градот, кое е изградено во 1978 година со самопридонес на жителите на Град Скопје претставува рекреативна зона која се простира на 136.000 метри квадратни, длабочина од 1,6 до 3 метри и располага со капацитет од 10 илјади капачи.

Езерото било место за релаксирање на скопјани цели 20 години, се до 1998 година кога истото е затворено за капачи поради загаденоста на водата. Постојано се наслушнуваат секакви муабети околу неговото повторно функционирање како главна летна атракција на скопјани.

На само чекор од љубопитните погледи на туристите, на само еден срцев такт од носталгичните приказни на скопјани, на само потег од надлежните власти, на 15 минути од центарот на главниот град, се простираат приказните за езеро Треска. Префинетоста на езерото Комо, шармот на Женевското Езеро, опуштеноста на езерото во Блед, обединети во убавото скопско езеро, некогаш секојдневие на скопските рекреативци, а денес напуштено мочуриште.