Сонце, гужва и убаво расположение - пролетта во Скопје е супер

Пролетта во Скопје е супер. Не морам да се стискам веќе внатре... ниту да се мрзнам надвор за цигара. 

Високите пролетни температури и убавото сонце предизвикаа метеж во центарот на Скопје.Топлото време си го направи своето. Сите како да се разбудија од зимскиот сон, па ретко кој сака да се прибере внатре. Ниту на некој му се работи, ниту, пак, му се учи.

Кафулињата преполни, сите се печат на пролетното сонце.

Зимската облека со пролетното чистење се тргна од долните полици на плакарите, па кусите ракави, здолништата и темните очила веќе парадираат низ улиците.

Расположението е повеќе од видливо, па не е чудна глетката на улици преполни со насмевки.