Солени бомбици одлични за мезе со тартар и пиво

Состојки:

500 гр. компир

200 гр. брашно

50 гр. маргарин

50 мл. млеко

вегета

сол

150 гр. кашкавал

200 гр. сусам

масло за пржење

Начин на подготовка:

Се лупат и сечат компирите на коцки и се варат 20 минути во солена вода. Се цедат и се толчат како за пире, се додава маргарин, вегета, сол и млеко, и се меша, па се лади смесата.

Додајте потоа брашно и замесете тесто.

Исечете кашкавал на мали коцки, направете бомбици од смесата и внатре ставете парче кашкавал.

Валкајте ги во сусам, и пржете ги на загреано масло.

Нека стојат на салфета да ја впие маснотијата.

Супер се со тартар и пиво.

cheap nike air max 90