Солен ролат со шунка и моцарела

Ролатот не мора секогаш да асоцира на нешто благо. Во оваа варијанта сигурно ќе ви се допадне.

Напомена: Мерете со чаша од 200 мл.

Состојки:

2 чаши млеко
Една лажичка шеќер
5 чаши брашно
3/4 од истата чаша масло
Една кесичка квасец
Една лажичка
500 гр шунка исецкана тенко
300 гр моцарела
Оригано
Една жолчка
Сусам

Подготовка:

Во топло млеко ставете квасец и шеќер. Кога ќе нарасне, ставете го брашното и солта и замесете тесто. Оставете го да нарасне уште околу 30 минути.

Поделете го на три дела, па секое расукајте го во голем круг. Густо редете парчиња шунка, па врз нив моцарела, ставете оригано и завиткајте го како ролат.

Сите три ролати премачкајте ги со жолчка и ставете сусам. Печете на 200 степени.