Сок од ѓумбир: најдобриот пијалок за топење на килограмите и подобрување на севкупното здравје

Ѓумбирот е коренеста билка која потекнува од Индија, а која во народната медицина се користи веќе со векови. Денес е познат и кај нас со својот карактеристичен луто- киселкаст вкус и арома. Се користи свеж, но и во прав како додаток за многу јадења и пијалоци.

Доколку држите диета или имате идеја да започнете со таков предизвик, овој сок е одлично решение за вас. Тој има големо дејство на нашето расположение и здравствената состојба, но и е голем сојузник во топењето на масните наслаги.

Потребни состојки:

10 супени лажици чист и ситно исецкан ѓумбир

5 мали лажички мед (само за блажина и подобар вкус)

Изрендана кора од 1 лимон

800 мл вода

Состојките се подготвуваат на следниот начин:

Измешајте го ситно исецканиот ѓумбир со лимоновата кора и прелијте со водата. Ставете да проврие, а потоа дополнително варете уште 10 минути и убаво мешајте за тоа време. По 10 минути, додадете го медот и вратете го тенџерето да се довари уште 15 минути. Можете да ставите само малку мед или пак кафен шеќер, бидејќи ѓумбирот има прилично силен вкус.

По варењето (вкупно 25 мин по вриењето) добивате сируп, кој треба добро да се процеди и да се остави да се излади. Сирупот чувајте го во стерилизирано шише, херметички затворено и на темно и студено место. Додека го пиете, мешајте го со обична или минерална вода. На тој начин добивате пијалок кој е богат со билни влакна, протеини, фосфор, натриум, калиум, железо, калциум, нијацин, тианин и витамин А и Ц.

Тој освен што помага во разградување на вишокот масти во организмот, ја забрзува и циркулацијата, влијае на регенерација на ткивото, го забрзува исфрлањето течности и поволно влијае на работата на бубрезите и уринарниот тракст, а  има и умерено аналгетичко и смирувачко дејство.

Како благ аналгетик ги ублажува болките во коските и зглобовите и има поволно дејство на коскениот систем – ги ублажува и симптомите на реума, вкочанетост, артритис. Како благ седатив, ја смирува и олеснува нервната напнатост, ја смирува раздразливоста и опушта.