Сок од целер -  најздрав начин за почеток на денот

Сокот од целерот е голем хит на интернет, но со причина.

Photo by Alex Lvrs on Unsplash

Ентони Вилијем во својата книга „ Медицински медиум” ја дава идејата да го почнеме денот со овој сок, поради многуте придобивки кои тој ги нуди за нашето здравје. 

Сокот од целер генерално се состои од вода и на тој начин ни ја овозможува соодветната хидратација уште на почетокот на денот. Тоа помага за баланс на крвниот притисок, одржување на телесната температура, функционирате на мозокот и исфрлање на токсините од нашето тело. 

Тој е одличен за системот за варење и истовремено придонесува за подобрување на метаболизмот и намалување на подуеноста. Освен тоа, сокот од целер дава енергија и добро расположение кои остануваат со нас во текот на денот.

Тој е одличен извор на магнезиум, за сите оние на кои им недостасува оваа состојка или пак имаат грчеви или болки во мускулите. Главоболките се многу поретки, поради одличното дејство на овој минерал, а тој придонесува и за побистар фокус и концентрација.

Освен магнезиум, овој сок содржи и калциум кој помага за здравјето на коските и забите, а е од витално значење и за одржување на силна структура на скелетот. Фолната киселина која е еден вид Б витамин помага да се разградат, произведат и користат протеините во нашето тело. 

Кожата на лицето станува посвежа и понежна, поради многуте антиоксиданти кои ги содржи овој сок. 

Она што треба да го знаете е дека неговиот вкус е чуден додека не се навикнете на него. 

Се препорачува дневна доза од 500 мл.