Сојузот на синдикатите најавува штрајкови од неделава, доколку нема зголемување на минималната плата

Синдикатите најавуваат активирање на шрајкови од петок поради одложување на денешната средба во Владата за зголемувањето на минималната плата.

Преку соопштение до јавноста од ССМ информираат дека средбата била презакажана од страна на Владата на 31 јануари, што за нив предизвикува разочарување за прашања кои се од големо значење за работничките права.

Фокусот на планираната средба требаше да биде зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, како и продолжување на мерката за замрзнување на цените на прехрамбените производи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, минатата недела најави зголемување на минималецот, но најверојатно, како што рече, во вториот квартал од годинава.