Собравте патници што чекаат на станица за да ги пренесете до негде?

Бидејќи во Скопје возат само приватните превозници чии линии се многу ретки, а такси превозот е многу скап, на социјалните мрежи се шират пораки за солидарност. 

Застанете на станица, соберете некој кој оди во ист правец со вас за да не се нервира чекајќи, за да не плаќа такси 500 денари, за да не го слуша шефот зошто доцни, порачуваат дел од граѓаните.