
На барање на пратеничката група на „Левица“ денешната 48. собраниска седница, која требаше да почне во 12 часот, е одложена за еден час.
Како што наведе Сашко Јанчев од „Левица“, причина е барањето до претседателот и заменик-претседател на Собранието да му наложи на генералниот секретар на Владата да и одговори на барањето на пратеничката Јована Мојсовска кој пратеник колку патни трошоци направил и колку кирии.
Тој посочи дека пратеничката Мојсовска прво како пратеничка побарала инфромација од генералниот секретар на Владата, а откога не добила одговор, испратила ново барање како граѓанин на кое и е одговорено полвично.
Како што најави Јанчев, се додека не и се одговори на пратеничката Мојсовска, на секоја седница ќе бараат пауза.