Со витамини против депресија

Една неодамнешна студија на фински научници открила дека јадењето храна која е богата со фолна киселина може да го намали ризикот од депресија.

Фолна киселина или витамин Б9 (еден од витамините Б комплекс) придонесува за создавање на хормони, како што норадреналинот, допамин и серотонин, кои влијаат на расположението и на зголемвањето на чувството на среќа, а со тоа и намалување на можностите за депресија. Покрај тоа, фолната киселина не само што ќе ве расположи, таа го намалува и ризикот од развој на Алцхајмерова болест, срцеви заболувања и мозочен удар, како што е посочено од страна на американскиот Национален институт за здравство.

ХРАНА

Фолната киселина може да се најде во листовите на зелениот зеленчук, односно, спанаќ и блитва , а исто така се наоѓа во ореви, квасец, како и во свинскиот, говедскиот и пилешкиот црн дроб.
Што се однесува за овошјето – авокадо, јагоди, цреши, портокали, ореви, лешници, и банани се богати со витамин Б9. Покрај тоа, таа може да се најде и во жолчки од јајце, семки од сончоглед, грав и боранија .
Така, изборот на храна која содржи фолна киселина е огромен и може да се најде нешто за сечиј вкус .
Во многу западни земји, фолна киселина се додава на производите од жито, поради што целото население внесуваат значителни количини од овој витамин.