Со употреба на сила влегле во спортска обложувалница, ги кршеле апаратите и украле пари

Вчера во 06.00 часот во полициска станица во Скопје било пријавено дека со употреба на сила и погоден алат било влезено во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир, биле оштетени неколку апарати за игри на среќа и биле одземени пари.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.