Денеска во 03.00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полицијата ја уапсила 37-годишната Т.О. од Гостивар. При проверка било констатирано дека патничково возило „пежо“ со српски национални ознаки, кое го управувала, било предмет на потрага од Интерпол-Р.Србија, односно пријавено е дека било украдено.
Од МВР велат дека таа била задржана во Полициската станица Кумановои се преземаат мерки за расчистување на случајот.