Со ташна полна евра сакала да ја напушти Македонија (ФОТО)

Во текот на минатата недела, царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ откриле два обиди за криумчарење девизи. Македонски државјанин со полни џебови франци сакал да влезе во државата, а македонска државјанка, пак, се обидела да ја напушти Македонија со 1850 евра за кои немала потврда за потеклото.

„Во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики откриени се 9.850 евра.Во првиот случај, при личен претрес на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Базел, во џебови од панталоните и јакната биле пронајдни вкупно 18.350 швајцарски франци и 760 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.350 швајцарски франци и 760 евра, противвредност на 10.000 евра – износ што може слободно да се внесе во државата, а 8.000 евра се привремено задржани.

Во вториот случај, во рачна ташна на македонска државјанка, која имала намера да отпатува со лет за Загреб, бил пронајден плик со 3.850 евра, вметнат помеѓу страниците на книга. Патничката не поседувала документ за потекло на парите, поради што 2.000 евра, износ што може слободно да се изнесе од државата, ѝ биле вратени, а 1.850 евра се привремено задржани.

Против патниците ќе бидат поведени прекршочни пријави за сторените прекршоци“, јавуваат од Царинската управа.