Со силна динамика продолжува изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион, вели Стојкоски

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска сподели дека со силна динамика продолжува изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион.

Во објавата на Фејсбук тој посочи дека ова не е само објект, туку дека е проект што значи сигурност за родителите и топол, безбеден дом за најмалите.

„Ова е инвестиција во иднината. Создаваме современ простор со модерни услови, енергетска ефикасност и безбедна средина каде децата ќе растат, ќе учат и ќе ги прават своите први другарства“, истакна Стојкоски, додавајќи дека го слушаат гласот на граѓаните.