Со поезија и музика ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на Михаил Ренџов

Со читање поезија и пригодна музичка програма, утре во Скопје ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на македонскиот поет Михаил Ренџов, еден од позначајните автори во современата македонска книжевност.

​​​​​​​

Книжевниот настан го организира ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, а ќе биде посветен на животот, творештвото и културниот придонес на Ренџов.

Неговата поезија се одликува со длабоки духовни и филозофски промислувања, преку кои ги истражува човековата природа, животот и духовните искуства на македонскиот човек. Со своето автентично поетско изразување, Ренџов остави значаен белег во македонското книжевно наследство.

Преку избор од неговите стихови и музичка програма, организаторите ќе потсетат на творештвото на авторот и на вредностите што ги остави зад себе.

Настанот ќе се одржи на 4 ноември 2026 година, со почеток во 11 часот, во холот на првиот кат на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.