Со поддршка од Бугарија се обезбедуваат спортски реквизити за градинките во Ѓорче Петров

Здравјето и развојот на децата од предучилишна возраст е приоритет на Општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Стојкоски преку Фејсбук извести дека во крајна фаза е проектот со кој се обезбедуваат спортски реквизити, финансиран од Амбасадата на Бугарија.

„Во финална фаза на имплементација е проектот на Општина Ѓорче Петров финансиран и со поддршка на амбасадата на Р. Бугарија со кој обезбедивме реквизити за спорт во сите детски градинки и училишни сали.
Здравите навики се развиваат од најмала возраст, а спортот е најважната алка.
Среќата на децата е на прво место“, напиша тој.