Со персонализираните гифт-картички на giftcards.mk никогаш нема да кажеш „Ако не ти се допаѓа подарокот, смени го“

„Честитки за првото работно место! Те сакаат мама и тато“, „Среќен роденден! Ми значиш повеќе и од PlayStation 5“, „Дипломски поклон за нашиот дипломец“ ... Во животот има толку многу поводи за прослава и среќа, но да се одбере совршениот поклон честопати е тешко. Токму поради тоа почна да функционира интернет-страницата www.giftcards.mk каде може да се купат ваучери за подароци за голем број продавници низ Македонија меѓу кои и „Артурс“, „Окаиди“, „Бициани“, „Доминос“, „Манго“, „Спрингфилд“, „Тимберленд“ итн.

Концептот зад овој сајт е да им се овозможи на заинтересираните поголема селекција при изборот на подароците. Секоја гифт-картичка може да се испрати преку пошта, по СМС или преку мејл адреса заедно со персонализирана порака или пак пакување. Во рамки на www.giftcards.mk засега може да се купат картички со различна вредност, а цените се движат од 600 па сè до 5000 денари (во зависност од брендот). Во изборот се ресторани, продавници за облека, за козметика, за модни додатоци итн.

- Досега на сајтот се околу 40 продавници меѓу кои и голем број на светски и домашни етаблирани брендови кои нудат гифт-картички со различна вредност.  

Секако, понудата постојано се зголемува и среќни сме дека веќе има интерес и кај фирмите и кај купувачите. Идејата ни беше да понудиме одлична опција за подарок, но воедно да не се изгуби личниот и персонализиран момент поради што и нудиме опција да се стави посебна порака – велат од тимот на www.giftcards.mk

Физичките гифт-картички се пластифицирани картички кои можат да бидат доставени на адресата на нарачувачот или до адресата на примачот на картичката. Овие картички можат да бидат спакувани за било каква пригода. Дигиталните гифт-картички се испраќаат веднаш до примачот преку СМС или мејл адреса. Дигиталните гифт-картички можат да бидат персонализирани со порака која би го направила подарокот уникатен.

www.giftcards.mk ни помага никогаш повеќе да не подариме нешто со зборовите „Ако не ти се допаѓа, смени го“.