Со „пајаци“ се отстрануваа возила за да може пожарната да пристапи до Треска

Пајак-возила со полициска придружба ги отстранувале возилата, најголем дел непрописно паркирани, за да може противпожарните служби и итната помош да пристапат до пожарот кај Треска. 

Фотографија на Твитер сподели корисникот @tiktaknaradio

Овој дел од градот одамна е запуштен и не се внимава со паркирањето. Тротоарите и пешачките патеки се целосно зафатени од паркирани возила, што отежнува секаква интервенција во вакви моменти.