Со нови реквизити и за 3.000 посетители - како ќе изгледа новиот Луна парк?

Ќе го добијат ли скопјани конечно долгоочекуваниот Луна парк? 

Скопјани веќе 5 године се без омиленото свртилиште за децата и младите, но Град Скопје допрва ќе распишува тендер за тоа како ќе изглда паркот. Тендерот треба да заврши во август, а од септември да започне изградбата. Се очекува истата да заврши до 2023 година. 

Панорамско тркало, ролеркостер, тајфун, пиратски брод, рингишпил и уште 20 нови реквизити ќе бидат дел од новиот Луна парк. Во истиот ќе бидат вклучени и седумте реквизити купени од ексградоначалникот Коце Трајановски. 

Капацитетот на паркот се предвидува да опфати околу 3.000 посетители дневно.