Со нашиот нов производ, Синцеритас ги направи придобивките од CBD достапни за секого

Интервју со Катерина Дојчиновска, Специјалист за продажба во фармација

Како дел од тимот на Синцеритас АД, Катерина Дојчиновска работи на позицијата Специјалист за продажба во фармација веќе година и половина. Со повеќе од 15 години искуство на македонскиот пазар за големопродажба на фармацевтски препарати и производи, поразговаравме со неа и за состојбите на домашниот пазар и за последните случувања во  компанијата – Синцеритас неодамна го пласираше CBD 20% маслото со целосен спектар на македонскиот пазар.

Катерина, за почеток, кажете ни повеќе за состојбите на пазарот за медицински канабис во Македонија.

Првите чекори кон добивањето дозволи за култивација и извоз на канабис за медицинска намена во Македонија беа направени во 2016-та. Парламентот го измени Законот за контрола на опиоиди и психотропни супстанции, со што канабисот за медицинска намена на пациентите на коишто им е потребен конечно им стана достапен. Колку за насока, би сакала да истакнам дека македонскиот пазар на фармацевтски производи вреди околу 150 милиони евра на годишно ниво, а половина од лековите на пазарот се произведени од домашни компании. Следствено на ова, целта на земјата е да стане регионален лидер во извозот на канабис за медицинска намена.

Оттука, каква е улогата на Синцеритас АД?

Уште од самото основање на Синцеритас, компанијата цели кон подобрување на здравјето на пациентите и олеснување на нивните медицински состојби преку канабис за медицинска намена произведен по највисоки фармацевтски стандарди. Нашиот пристап ги соединува индустриските стандарди со професионалците во ова поле, за да создадеме врвни решенија за бројни медицински потреби. Нашите производствени капацитети ја претставуваат посветеноста на Синцеритас да се искачи на врвот во индустријата за медицински канабис.

Синцеритас неодамна го претстави CBD 20% маслото со целосен спектар на македонскиот пазар. Дали може да ни кажете нешто повеќе околу него?

За компанија што создава и работи на македонско тло, сакавме на нашите граѓани да им понудиме CBD масло со највисок квалитет на пазарот. Соработката со нашите партнери во Холандија, CandroPharm, резултираше во успешно производство на масло со висока концентрација на CBD, што може лесно да се дозира со капалка и во соодветни дози постигнувајќи дури и финансиска заштеда. Важно е да се напомене дека содржината на тетрахидроканабидиол (THC) е помала од 0,2%, па оттука и Sinceritas CBD 20% маслото со целосен спектар нема психотропно дејство. Преку продажната мрежа на најголемите веледрогерии во државата, нашиот производ е достапен во секоја подобро снабдена аптека. Фармаколошката ефикасност на CBD маслото со целосен спектар е докажана преку студии чиј предмет на проучување се кардиоваскуларните, невродегенеративните, малигните и метаболните нарушувања што вообичаено се поврзуваат со оксидативен стрес и воспаленија. CBD маслото има докажан антиоксидативен и противвоспалителен ефект.

Вашето претходно искуство вклучува ангажмани во различни фармацевтски компании. Зошто решивте да се приклучите на тимот во Синцеритас?

Одамна ме фасцинира канабисот како билка што соодејствува на човековото тело, на нашиот вроден канабиноиден систем. Тоа што ме натера да се приклучам на оваа организација се големите придобивки на канабисот за медицинска намена кои секојдневно се потврдуваат и ветуваат многу за подобрување на квалитетот на живот кај пациентите. Секако, тука се и принципите на работење во Синцеритас, динамичната средина, новите предизвици во индустријата, како и интернационалниот тим на луѓе – професионалци во својата област кои секојдневно работат на создавање услови за обезбедување квалитетен производ. Така, нашиот нов производ на пазарот – CBD 20% маслото со целосен спектар е со врвен квалитет, произведено во контролирана средина, со отсуство на пестициди во цветот што го прави чисто и безбедно. Покрај канабидиолот (CBD), маслото е збогатено и со придружни состојки што помагаат да се постигне целосниот ефект од неговата употреба.

*Sinceritas CBD 20% маслото со целосен спектар може да се најде во сите подобро снабдени аптеки во државата.