Со мотор излетал во близина на Граничниот премин „Табановце“, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера околу 13.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце-исклучок за с.Долно Коњаре, мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(27) од Куманово, излетал надвор од коловозот.

Од МВР информираат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.