Со метален предмет оштетил 11 гробни места на гробиштата во Бутел

Едно лице со метален предмет вчера оштетило 11 гробни места во Градските гробишта Бутел.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта Бутел пријави дека лицето К.К. со метален предмет оштетил 11 гробни места.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.