Со „лајк“ да ја поддржиме хуманата мисијата на Борче и „Донирај компјутер“

Доколку ја поддршувате хумана мисија на познатиот Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ одвојте неколку секунди и со „лајк“ придонесете за напредок на неговиот проект за обезбедување на компјутер за секое дете. 

„Ќе ни треба вашата поддршка за да влеземе во Топ 2 проекти кои Дојче Телеком ќе ги поддржи. Тоа ќе не однесе во следната фаза на ДонирајКомпјутер. Само 5 секунди од вашето време другари“ - гласи твитот на Борче. 

Се што треба е да го отворите линкот и да стиснете „лајк“ и се разбира да ја споделите веста да стигне до повеќе луѓе.

На прашањеро „Дали е тешко ова шо го работам?“ хуманиот Борче вели „Да!“, но додава:

-Ама коа ќе помислам дека во некоја од нашите донации можеби се крие наредниот "Ајнштајн", воопшто не е ни важно. Стегаш ремен, собираш памет и едноставно газиш пред себе. Ништо, велам ништо не е поважно од иднината на едно дете