Со корупција се соочиле дури 40 отсто од студентите

Антикорупциската комисија почна кампања во училиштата за едукација на учениците, а притоа утврди низа прекршоци во високите образовни институции.

Според истражувањата на Младинскиот образовен форум (МОФ), дури 40 отсто од студентите во студентските домови се соочиле со корупција, а дури 89 отсто од нив не знаеле каде да го пријават случајот.

-Корупција е присутна и кај професорите и техничкиот кадар. Класичното продавање на книга во замена за повисока оценка, но корупцијата е присутна и кај студентите. Многу често се продаваат прашања, плагијат магистерски и дипломски трудови, кажа Теодора Столевска, извршен директор на МОФ .