Со кого си – таков си: Не дозволувајте негативните луѓе да ве озрачуваат!

Долго познавав еден млад човек кој на сите им беше пример за тоа како треба во животот. По едни летни празници, едноставно не можев да го препознаам. Станал груб, мрзоволен и негативно настроен кон секој предлог.

Не можев да разберам што му се случило. Не се случило ништо лошо што би можело да се одрази на неговото расположение. Се прашував себеси што ли можело да биде? На крајот дознав дека влегол во лошо друштво. Што ни кажува тоа?ж

Не залудно рекле: „кого си-таков си“… Секој човек почнува да наликува на луѓето со кои поминува највеќе време. Навистина е едноставно да се разбере, опкружувањето во коешто се движите и во кое живеете се одразува на сите делови од твојот живот. Тоа значи дека ако сте опкружени со негативни луѓе, нивниот поглед на светот ќе се одрази и на вашиот поглед. Многу навистина мислат дека е подобро да бидат во какво било друштво, макар и негативно, отколку да бидат сами.

Но, тоа навистина не е вистина. Менталитетот на ваквите луѓе ќе се одрази на сите ваши вредности кои во потполност ќе се променат. Тие ќе влијаат врз вашите потреби и желби и ќе ги променат вашите вистински цели. Ако друштвото ви е поважно од се останато, вие ќе се жртвувате себе само за да не бидете сами. Но, тоа на крајот води кон пропаст.

Ако сакате да бидете среќни и успешни, опкружете се токму со такви луѓе. Тоа значи дека ќе треба да се менувате и себе, но целиот тој напор не е ништо во споредба со она што можете да го добиете. Винс Ломбарди еднаш рекол: „Самодовербата е заразна, исто како и недостатокот од истата“. Ако вашиот проблем се наоѓа во малата самодоверба, самоуверените луѓе ќе ви помогнат да ја зголемите. Ако вашиот проблем лежи во плашливоста, храбрите луѓе ќе внесат малку повеќе храброст во вашиот живот. Ако вашиот проблем лежи во недостаток од иницијативи, проактивните луѓе ќе го променат вашиот пристап кон стварноста. Вие се претворате во луѓето со кои највеќе поминувате време.

Затоа многу треба да работите на себе за бидете пожелни во секое друштво. Тоа пред се значи да го задржите позитивниот поглед на животот, да верувате во себе и во своите цели, да развивате способност за подлабоко слушање, да делувате од поразлична перспектива, да ги развивате посакуваните потенцијали и квалитети и да станете прилагодливи.

Сликарот Вајланд рекол: „Постојат два вида луѓе: Сидра и мотори. Време е да се ослободите од сидрото и да им се придружите на моторите, затоа што моторите одат некаде и повеќе се забавуваат. Сидрото едноставно ќе ве повлече со себе.

Ако веќе сте опкружени со многу негативни луѓе, променете ги вашите животни навики. Излезете од своето секојдневно опкружување и вклучете се во некоја добротворна заедница. Станете член на некоја заедница која негува хумани вредности. Посетувајте театри, музеи, спортски настани.

Понудете ја својата способност на луѓето на кои им е потребна. Постојано барајте прилики кои можат да го подигнат вашиот животен стандард. И на крајот сфатете дека секоја промена бара своевидна жртва. Во зависност од тоа колку сте подготвени да се откажете од стариот живот, толку ќе добиете и нов живот.