Со изложба на Александар Зафировски се отвора реновираното арт-кафе Концепт 37

Едно од омилените места на Скопјани, арт кафето Концепт 37 доби нов модерен изглед. Просторот кој и досега ги собираше креативците од различни области е реновиран, функционален и уште поубав и поинспиративен.

Кафулето ќе стартува со изложба на фасцинантните дела на академскиот сликар Александар Зафировски.

Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат делата на овој талентиран уметник кој користи еден модерен ликовен јазик. Преку изложбата и музиката на ДЈ Томи Бојаџи посетителите ќе имаат можност да ја почувствуваат магијата на движење, чувство на тага, но и среќата и љубовта, да доживеат едно ново искуство.

Концепт 37 и понатаму останува место за инспирација на сите креативци, на сите љубители на убавото кафе и убавиот простор! Тренди место во Скопје каде има убава енергија и каде сакате да поминете барем мал период од денот!

 Официјалното отворање е во петок 11.09.2020, во 20 часот.