Со една мисла Габриел Гарсија Маркес ја објаснил суштината на љубовта

 

Има неколку работи кои никогаш нема да можеме да ги вратиме, што и да правиме, колку и да се трудиме. Меѓу нив е и времето! Тоа незапирливо тече и единственото нешто што можеме да направиме е да го зграпчиме и да го искористиме, да се ​​трудиме да искористиме што е можно подобро, да доживееме што е можно повеќе, да доживееме што повеќе различни нешта. Да видиме, да почувствуваме, да правиме, па дури и да грешиме... 

Но, многумина го прават токму спротивното - го пуштаат да тече времето, не прават ништо или го прават она што не им се допаѓа, што не им причинува задоволство, што им ја одзема нивната енергија, достоинство, што ги понижува….

Можеме да губиме време занимавајќи се со неважни работи или правејќи важни работи. Исто така, го губиме кога го даваме на луѓе кои не го заслужуваат тоа, кои не се љубезни кон нас, кои не се чесни, кои не’ искористуваат. За тоа говорат и цитатите на познатиот писател Габриел Гарсија Маркес кој напишал:  „Не губете време со личност која не сака да поминува време со вас“.

Последица на тоа ќе биде незадоволството, ќе се чувствуваме неисполнети, несреќни, безвредни и на крајот ќе сфатиме дека сме згрешиле и дека сме пропуштиле некои други шанси поради тоа. 

Затоа внимавајте кому му давате време! Чувајте го за оние кои ги сакате и кои ве сакаат, за оние кои ве почитуваат и ценат, а не за оние за кои треба да се молите. Никогаш не можете да ги натерате да ве сакаат. Ако не ве сакаат, најдете сила да се свртите и да заминете.