Со другарките претепала 20-годишна скопјанка со која била договорена да се најде - уапсена 18-годишна девојка

Синоќа во 22:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Е.Ј.(18) од Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош, по претходно договорена средба, Е.Ј. физички ја нападнала И.И.(20) од Скопје, по што повикала ѝ неколку нејзини пријателки, кои исто така физички ја нападнале И.И., при што едната од нив употребила тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.