Вчера во 13:45 часот на булеварот „Гоце Делчев“, возило „бмв“ управувано од 65-годишниот С.Х од Скопје се забило во паркиран автобус „ман“ со скопски таблички управуван од 56-годишниот Д.С. од село Крушопек, скопско.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничка во автобусот, Л.П.С., а повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“ велат од МВР.