Со автомобил во спротивен правец среде центар на Скопје

Случајни минувачи вчера забележале возило „бмв“, како се движи во спротивен правец среде центар во Скопје. Настанот се случил во еднонасочната улица која се протега од Холидеј Ин до раскрсницата кај Веро Џамбо.

Од она што може да се забележи дека возачот игнорирајќи го тоа што улицата е еднонасочна продолжил да вози во спротивна насока и притоа загрозувајќи ги другите учесници во сообраќајот.

Ова се одвива во време кога МВР засилено врши контроли и пишува казни на секој чекор поради неправилното и несовесното однесување на возачите во сообраќајот.