
Возач на автобус ќе одговара кривично затоа што во кругот на касарната во Тетово снимил три видеа и потоа ги споделил преку мобилна апликација.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(61) од село Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.
На 17.02.2025, пријавениот како возач на автобус од фирма со која Министерството за одбрана имало склучено договор за организиран меѓугарнизонски превоз, во кругот на касарната во Тетово направил три видео записи кои ги споделил преку мобилна апликација.