Снегот си го направи своето: Еве на кои скопски улици и булевари има застој во сообраќајот

ЦУКС известува дека во овие утрински часови, сообраќајот на сите улици и булевари се одвива непречено и без застој, но по влажни коловози. Зголемен број на возила се забележува долж:

-ул. Железничка кон к-цата со ул. Бихакќа,

-бул. Киро Глигоров кон населба Автокоманда,

-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар,

-ул. 11 Октомври во двете насоки на движење,

-бул. Александар Македонски кон излез на Скопје,

-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Водњанска.

Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно со оглед на временските услови, како и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.