
Попладнево заснежи на Попова Шапка. Над надморска височина од 2.300 метри денес температурата во минус.
Ова го потврди и познатиот метеолог Славчо Попоски.
- Овој ладен и влажен бран иако сме на средината од летото донесе и врнежи од снег на високите предели од Шар Планина, а на надморска височина од над 2.000 метри на Шар Планина температурата се спушти под нулата, соопшти тој.
Овој ладен и влажен бран од север ги спушти температурите во Македонија далеку под просекот за третата декада од месец јули и тие се пониски дури за повеќе од 10 степени од просечните за месец јули.