Смоква – најлековито овошје на светот

Смоквите се познати како рајското овошје на Медитеранот, а во минатото биле храната на боговите. 

Сувите смокви се сметаат за суперхрана која ни е достапна во текот на целата година, но ова е период на свежите плодови. Тие содржат 80% вода,но и многу хранливи состојки кои го чуваат нашето здравје.

Го намалуваат крвниот притисок

Смоквите се одличен извор на калиум кој помага во регулирање на крвниот притисок. Тој е слабо достапен во храната која редовно ја конзумираме, но е неопходен за функционирање на организмот. Голем број луѓе патат од недостаток на калиум поради зголеменото конзумирање сол.

Помагаат во процесот на слабеење

Смоквите се одличен извор на природни влакна кои го подобруваат варењето и даваат чувство на ситост. Сето тоа помага за намалување на килограмите. Освен тоа, смоквите содржат и големо количество топливи и нетопливи влакна и тоа многу повеќе од останатото овошје, а со тоа придонесуваат и за намалување на холестеролот. Во 100 гр смокви се наоѓаат само 74 калории.

Го намалуваат шеќерот во крвта

Листовите на смоквите го намалуваат шеќерот во крвта. Тие можат да се користат во многу јадења и припрема на чаеви. 

Го подобруваат расположението

Содржат големо количество витамин Б кој на нашето тело му дава енергија, осигурува еластичност и ги јакне мускулите. Освен тоа, овие витамини ја подобруваат и работата на мозокот, а со самото тоа и нашата концентрација и помнење. Особено се корисни да се конзумираат за време на ПМС.

Содржат цело богатство на витамини и минерали

Високата концентрација на витамини и минерали кои ги содржат се одлична, здрава замена за белиот индустриски шеќер. Тие содржат фосфор, калциум, магнезиум, витамини Б6, Ц, Е и А. Богати се и со бета каротен па затоа се препорачуваат неколку дена пред сончањето.