СМЕЕЊЕ И СОЛЗИ НА „БУБАМАРА“: Арената "Метрополис" премала за фановите (ФОТО)

Најочекуваната манифестација ,„Златна Бубамара на популарноста“, во „Метрополис" арената започна со звуците од филмот „Кум“. Чистиот воздух, добрата политичка ситуација, уште подобрата љубовна, нашите корени, навики, секојдневни случувања беа инспирација на вчерашното 19-то издание.

Џамбазов се појави на сцената да ја прими „Златната бубамара за трајни музички вредности“.Нашиот шоумен и актер ја занеме публиката кога, во стилот на големиот Френк Синатра, ја преработи и препеа на македонски јазик познатата песна „My way“.

Џамбазов пееше за својот живот,  за маките низ кои помина, за луѓето околу себе, за пријателите...

Со својата изведба ја трогнаа публиката, сите станаа на нозе и после тажниот молк, со громогласен аплауз го поздравија човекот кој е икона во нашето современо општество.

„Бубамарата“ за животно дело им беше доделена на пејачката и брачна двојка, Селимова-Желчевски, кои не можеа да ја сокријат емотивноста и благодарноста за признанието.

Eве кои се годинешните добитници на статуетките на „Златна бубамара“:

Трајни вредности – Игор Џамбазов

Награда за животно дело – дуетот Селимова – Желчески

Најпопуларна ТВ серија – 5 + Фамилија – ОХО продукција

Театарска претстава – Мајсторот и Маргарита

Актерка на годината – Тања Кочовска

Актер – Петар Мирчевски

Млад актер на годината – Жарко Димоски Театар Комедија

Најпопуларна  балканска вокална група – Фрајле 

Група на годината – ДНК

Пејачка на годината – Тамара Тодевска 

Албум – Тамара Тодевска 

Концерт – Тамара Тодевска

ТВ забавна емисија – Неделно попладне – Томато

ТВ емисија на годината – Зевзекманија ТВ Канал 5

Трајни музички вредности – Ван Гог