Мандатарот за словенечка влада, претседателот на Движењето Слобода, Роберт Голоб, кажа дека кандидат за министер за дигитална трансформација ќе биде Македонката Емилија Стојменова Дух.
Емилија Стојменова Дух, доктор на науки и асистентка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, е избрана за министерка за дигитализација во новата словенечка влада.
Стојменова е родена 1985 година во Македонија, а во 2002 година, а по завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор. Стојменова е професорка на Факултетот за електроинженеринг на Универзитетот во Љубљана.
Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, како и директорка на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia.
36-годишната Стојменова Дух е активна во иницијативата за „паметни села“, поддржана од Европската комисија и Европскиот парламент. Таа ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на важни позиции во науката, технологијата и математиката.