Слободни работни места: Над 5.500 во Агенцијата за вработување

И во услови на пандемија, во Агенцијата за вработување во моментов има над 5.500 слободни работни места. 

Се бараат разни видови на профили на работници, со различен степен на образование, стручност, искуство и во разни стопански и нестопански дејности, од страна на компании кои се лоцирани во различни региони и општини во државата. 

Се бараат директори, трговски раководители, менаџери, комерцијалисти, возачи, медицински сестри, општи работници, продавачи, инженери, магацински работници, економисти, адвокатски приправници и слично.

Сите овие огласи се јавни и видливи и секое заинтересирано лице може да ги види на веб страната на АВРМ – аврм.гов.мк што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.

На оваа веб страна постојано се ажурираат податоците и граѓаните преку неа може да се запознаат со сите слободни работни места за кои се распишани огласи од страна на компаниите за нивно пополнување и е добра можност за лицата кои се невработени или пак кои бараат работа детално да се запознаат со моменталната состојба на пазарот на труд и доколку ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат на истите.