Слободната жена секогаш ќе биде дива во својата душа, без оглед на тоа колку се обидувате да ја врзете...

Не може да се скроти реката која тече, таа секогаш го наоѓа својот пат. Не може да се скроти огнот кој проголтува сѐ пред себе. Не може да се скроти ветерот кој носи сѐ што му се наоѓа на патот.

Не може да се скроти и жената која во својата душа е дива и независна. Жена која оди само напред и гази сѐ пред себе. Жена која дава и душа и срце за луѓето кои ги сака, но и која ќе се спакува и ќе си отиде во моментот кога ќе се почувствува непосакувана.

Тоа се жени кои во себе имаат сила која никој не може да ја разбере. Затоа што тие одат само право, тие одат против сѐ и сите за да го постигнат тоа што го сакаат. Тоа се жени кои се слободни, жени со диви души.

Ова се жени кои ќе останат само ако сакаат да останат и ќе си отидат ако мислат дека треба да си отидат. Со нив нема големи тајни или компликации.

Слободната жена секогаш ќе биде дива во својата душа, без оглед на тоа колку се обидуваш да ја врзеш. Таа секогаш ќе биде само своја, доволна сама на себе. Нејзината душа секогаш ќе остане само нејзина. Нејзината среќа никогаш нема да биде нечија.

Таа носи нешто во себе, нешто што ја поттикнува да трча и да лета. Таа е жена со огромна енергија и уште поголема сила. На оваа жена воопшто не ѝ е лесно и таа не сака нејзината душа да лута. Нејзе ѝ е најтешко, но молчи и не зборува. Таа ја држи сета болка во себе, таа е лута затоа што некогаш одамна верувала некому.

Некогаш одамна го предала своето срце, душа и тело. Оваа жена има тешко минато зад себе и го носи како товар на своите рамена. Таа секогаш има потреба да сака некого, но знае дека не може никому да верува затоа што знае колку се има изгорено одтаа доверба. Жената која некогаш страдала, сега е лута.

И таа нема преголеми очекувања. Таа некогаш сакала и верувала. Но, таа тогаш не ни можела да претпостави колку скапо ќе го плати сето тоа. И тоа е најтешката лекција која некогаш ја научила.  Лекција со поука дека никому не може да верува.

Таа само доаѓа и си оди, таа не се задржува, затоа што нема намера некому да даде повеќе отколку што планирала. Дава онолку колку што мора. Таа е како пожар кој доаѓа, пали сѐ пред себе, а зад неа останува само прав и пепел.

Никој не може да ја разбере дивата жена. Таа е непозната за сите, па дури и за сама себе...