Сливи: Вреден извор на енергија во мало „пакување“

Сливите се богати со витамини и пектин, кој го поттикнува варењето, ги собира токсичните материи од телото и ги исфрла преку столицата.

Photo by Joanna Kosinska on Unsplash

Помагаат во борбата против високиот холестерол и болестите на бубрезите, заболувањето на црниот дроб и ревматизмот. Јадењето свежо овошје е одлична превенција од малигни тумори, а освен тоа го подмладува и регенерира организмот и ја спречува појавата на брчки.

Исто така, тие се ефикасно помагало за слабеење бидејќи нивните материи ги врзуваат мастите од храната кои се внесуваат во организмот и потоа се вари „надвор“. Богати се и со калиум, минерал кој е неопходен за одржување на киселинско-базната рамнотежа и чиј недостаток во организмот доведува до замор. Сезоната на сливи обично трае од мај до октомври.

Први созреваат јапонските видови, а во Европа периодот на зреење на сливите е нешто подоцна – на крајот на јули и  во текот на август - што е карактеристично и за нашето поднебје.

Суви сливи

Сувите сливи имаат многу повеќе минерали, витамини и фитохемикалии од свежите, а особено се богати со антиоксиданси. Со редовно консумирање ја намалуваат можноста за срцев удар. Сувите сливи се наједноставниот и најефикасен лек против запек. Сувите сливи ги задржуваат сите вредни витамини и минерали за време на процесот на сушење и претставуваат вреден извор на енергија во „мало пакување“. Тие содржат растворливи и нерастворливи диетални влакна и сорбитол.

Нерастворливите влакна не се варат во телото, но тие го забрзуваат варењето со врзување на водата и создавање на поголем волумен на столицата. Растворливите влакна целосно се разградуваат, а тие придонесуваат за нормално варење преку стимулирање на растот на посакуваните бактерии во цревата и со тоа зголемување на волуменот на столицата, а колку е поголема столицата, толку побрзо поминува нејзиното поминување низ цревата. Сорбитолот делува како осмотски лаксатив и заедно со влакната придонесува за нормална функција на варењето. 

За да се постигне благотворно дејство потребно е дневно да се консумираат 100 гр суви сливи.