Следните денови променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд

Под влијание на серија влажни бранови во следните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во недела наместа
врнежите ќе бидат пообилни, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува
умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец, особено во петок и во недела.

Минималната температура утре ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.