Следните денови ќе бидат нетипично топли за декември

Значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини ќе преовладува во наредните два дена, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Повремен локален дожд ќе има в среда, а потоа, во следните денови времето ќе биде стабилно и сè потопло.

Според најавата на УХМР, утринските температури до недела секаде во земјава ќе бидат над нулата, а највисока дневна е прогнозирана за сабота, првиот ден од 2022 година, до 17 степени.

– Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка, најави УХМР.