Пред нас е продолжен викенд за работниците.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија до крајот на 2024 година, за сите граѓани, неработен ден ќе биде 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник).
За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден ќе биде 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.
За граѓаните припадници на турската заедница неработен ден ќе биде 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.
Идната година, 2025, ќе имаме помалку продолжени викенди.