Следниот понеделник празнична крводарителска акција во Скопје

Црвен крст на град Скопје, со поддршка на ООЦК Карпош, традиционално се вклучува во одбележувањето на 13 Ноември - Денот на ослободувањето преку препознатливото обележје во нашиот град на овој ден - организирање на крводарителската акција.

Акцијата ќе се реализира на 14 ноември (понеделник), во просториите на Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје во ДХО Даре Џамбаз (ул. 11 Октомври 42 а)

Посетете ја крводарителската акција, дарувајте крв, бидете хумани, порачаа од организацијата.