Славески: Зошто вредноста на месечната потрошувачка кошничка ја пресметуваме за четиричлено, а не за тричлено семејство?

Професорот Трајко Славески со објава на Твитер постави прашање зошто потрошувачката кошница ја пресметуваме за четиричлено, а не за тричлено семејство. Тој ваквата констатација ја образложи со статистички податоци од последниот попис во 2021 година.

„Податоци за домаќинствата, Попис 2021 година: - 1.836.713 жители живеат во вкупно 598.713 домаќинства, следува: - Просечен број на членови во едно домаќинство – 3 (три); - Вкупен број на домаќинства со еден, два и три члена – 359.684, следува: - 60% од домаќинствата во Македонија се со максимум три члена; - Број на домаќинства со 4 члена – 117.084, или околу 20% од вкупниот; - Останатите околу 20% од вкупниот број домаќинства се со 5 и повеќе членови. Зошто вредноста на месечната потрошувачка кошничка ја пресметуваме за четиричлено, а не за тричлено семејство? Само прашувам“, напиша Славески.