
Инвестициски фондови од странство купуваат значителен број на станови во новоградба кај нас, изјави гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски во синоќешното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
„Еве последна информација ми е, неофицијална, дека дански фонд во станови, во згради во изградба на територијата на Скопје, недалеку од Центарот, има купено 40 станови. Прашувам за што, дали ќе ги издаваат, не знаат“, вели гувернерот.
Мислам, вели Славески, дека инвестицијата тука е мислејќи дека цените и натаму ќе растат, што не е гаранција.