Sky Bar Панорамика: Најубавиот поглед кон Скопје

Дали барате место каде можете да се опуштите, мирно да испиете кафе, да одморите и од каде може да уживате во погледот на цело Скопје? Не барајте повеќе! Во подножјето на планината Водно, веднаш покрај патот ќе го пронајдете бисерот на градот – Sky Bar Панорамика.

Скриено од урбаниот метеж и градската бучава, ова е место каде ќе ја пронајдете дефиницијата за удобност и квалитет.  

Во склоп на дизајн хотелот „Панорамика“, се наоѓа Sky Bar-от – вашето ново омилено место кое ќе ви ги истакне убавините на градот, притоа овозможувајќи ви врвно гостинско искуство придружено со одлична храна и пијалаци по ваш избор. Низ стаклените ѕидови ќе ја видите панорамата на главниот град, а она што ќе ве пречека во внатрешноста ќе направи да се чувствувате како да сте ѕвездата на шоуто.

Sky Bar Панорамика е совршеното место за вашите деловни средби, состаноци, медиски настани и конференции, па дури и роденденски прослави. Пријатниот амбиент на гостите им гарантира уживање, а за тие секогаш да си отидат со позитивен впечаток, ќе се погрижи искусниот персонал на барот и кујната.

Барот има сопствена кујна со внимателно одбрано мени, кое ќе го задоволи сечиј вкус. Откријте ја магијата на храната приготвена со љубов и знаење, од страна на мајсторските раце на готвачите од кујната на Sky Bar Панорамика. Тие за вас ќе ги подготват нивните најпознати специјалитети и највусни оброци од домашната и интернационалната кујна и ќе ве запознаат со вкусови кои претходно не сте ги знаеле.

Вкусната храна во комбинација на широк избор на алкохолни и безалкохолни пијалаци ќе го надополни впечатокот и ќе го комплетира вашето уживање.

Без разлика дали се работи за приватни состаноци, деловни средби и настани, или пак обично седнување на кафе во потрага по неколку мирни моменти за себеси... Sky Bar Панорамика е местото за вас. Проверете зошто сите зборуваат за „најубавиот прозорец со поглед кон Скопје“!

Повеќе информации на: https://skybar.hotel-panoramika.com/