Скорпија – најсензуалниот хороскопски знак

Лицата родени во знакот Скорпија се страстни, решителни, забавни… секогаш се обидуваат да направат сè за да дојдат до вистината. Не покажуваат емоции, ама под површината, секогаш нешто им се случува. Тие се одлични лидери и исклучително снаодливи. Дали се пронајдовте во овие карактеристики?

Астролозите велат дека на Скорпиите можете да им ја доверите секоја своја тајна, бидејќи ќе ја задржат за себе. Тие се исклучително „кул“ личности, понекогаш многу мистериозни, секогаш полни со интересни и креативни идеи.

Ама, тие се и луѓе кои не сакате да ги предизвикувате. Тие не поднесуваат неискреност, знаат да се љубоморни и недоверливи кон другите, ама, кога ќе стекнат доверба во некого, лесно се прилагодуваат на нивниот карактер. Храбри се и имаат многу пријатели. Ако на тие пријатели им откријат дел од своите тајни, лесно ќе ги зацврстат пријателствата.

Скорпијата во љубовта

Таа е најсензуалниот хороскопски знак. Страстни се, а интимноста ја сфаќаат многу сериозно. Од својот партнер бараат да е чесен и интелигентен. За нив предиграта не се случува во спалната соба, туку надвор од неа, во вид на разговор и набљудување. Кога ќе се заљубат, верни се до крај.

Карактеристики на Скорпијата

Сила: страстни, тврдоглави, снаодливи, храбри, вистински пријатели.

Слабости: љубомора, недоверливост, таинственост, насилност, зајадливост.

Сакаат: вистина, факти, да се во право, долгогодишни пријатели, голема страст, достојни противници.

Не сакаат: неискреност, пасивни луѓе, откривање тајни.